Клоп: Може да истрчаме голи на тренинг…

Јирген Клоп ја потенцира добрата атмосфера што владее во соблекувалната на Ливерпул. Германскиот стратег истакнува дека има неверојатна група на играчи и сите уживаат во тоа што се случува околу Мохамед Салах последниве неколку месеци. Менаџерот на Ливерпул пред англиските медиуми откри на каква луда идеја дошол за да го докаже тоа:

Пред натпреварите со Манчестер Сити им реков на „момците“: „Одиме сите да излеземе на тренинг потполно голи. Ионака никој нема да забележи, сите го гледаат само Мо (Салах н.з.). Сега одиме во Рим и таму ќе биде ист притисок, но сето тоа е во ред“

Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите игра против Рома, а во премиер лигата го држи третото место со два бода повеќе пред Тотенхем.

„Момците направија навистина добра атмосфера. Во секој успешен тим атмосферата мора да биде извонредна. Може да имате многу добри играчи, но тоа не значи дека ќе имате и добра атмосфера во тимот“ – вели Јирген Клоп.

Се вчитува...