Клоп: Му дадовме пет гола на Сити, секако дека заслуживме полуфинале

Јирген Клоп има причина да биде горд на себе и своите фудбалери по втората победа над Манчестер сити и заслужениот пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Игравме против одличен тим, постигнавме пет гола на два меча, а примивме само еден – секако дека заслуживме да сме во полуфиналето. Беше тешко, Манчестер сити притисна во првото полувреме, но бев убеден дека ќе ни се укаже шанса да блеснеме. Имаше многу простор, фудбалерите го увидоа тоа пред крајот на првиот дел, а потоа во второто полувреме ги искористивме шансите што ни се укажаа. Салах постигна гол, но Мане и Фирмино завршија огромна работа на крилните позиции, помагајќи и во одбраната. Одигравме одлично, сите сме горди. Ова е тим што се уште се развива, но и сега играме одличен фудбал“ – изјави Клоп.

Тој беше изненаден од случувањата на вториот вечерашен дуел, оној во Рим меѓу Рома и Барселона.

„Барселона е елиминирана, па тоа е чудо. Рома остана без Салах, па сега стигна до полуфиналето, навистина неверојатно“ – прокоментира стратегот на Ливерпул.

Се вчитува...