Клоп му возврати на Лампард – Млад си, имаш уште многу да учиш …

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го прокоментира недоличното однесување на менаџерот на Челси, Френк Лампард. „Црвените“ во 37. коло од англиската Премиер-лига го победија Челси со 5-3, а тој пораз менаџерот на „сините“ не го прифати баш најдобро и по натпреварот го нападна Јирген Клоп дека неговиот тим е арогантен. Клоп изјави дека го разбира однесувањето на Лампард и дека ја почитува страста која ја има, но дека има уште многу да учи.

„Не сме арогантни како што мисли тој. Го почитувам Лампард бидејќи е компетитивен и што има натпреварувачки дух, но за мене натпреварот е завршен кога судијата ќе свири крај. Тоа е тоа што тој мора да го научи. Не се држеше тоа. Тој е млад тренер и има многу време пред себе“, изјави Клоп. 

Клоп му ја донесе титулата на Ливерпул по пауза од 30 години, додека Лампард во последното коло на домашен терен против Вулверхемптон ќе мора да го потврди пласманот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...