Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп, како што пренесуваат германските медиуми, ја донел конечната одлука за својата иднина. Клоп наводно веќе ја прифатил идејата да го замени Јоаким Лев на клупата на германската репрезентација.
Лев има договор со Германија до 2022 година, па според германските медиуми, следната година Клоп ќе седне на столчето на националниот тим. Но, ако Германија не постигне резултат согласно посакувањата на Европското првенство ова лето, Лев би можел да ја напушти селекторската функција уште во јули оваа година.
Раководството на Германската фудбалска федерација наредниот период се очекува да разговара со Јирген Клоп за да го слушнат неговото размислување околу идејата да ја преземе националната селекција. Германските медиуми наведуваат дека одговорот ќе биде позитивен и дека Клоп веќе се „програмира“ кон својот следен фудбалски предизвик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА