Клоп: Не ме барајте за селектор до 2025 година!

Германскиот менаџер на англискиот гигант Ливерпул, Јирген Клоп им порача на челниците на националните фудбалски селекции, посебно на германската воопшто да не го контактираат за позиција селектор пред 2025 година, зашто до тогаш има други планови.

Клоп има договор до 2024 година, а ако нема ново продолжување на соработката, тогаш можеби ќе размисли за селекторска позиција, а се поврзуваше тој со клупата на Германија откако Јоаким Лев објави дека заминува по Евро 2020, но во меѓувреме Ханси Флик ја доби довербата од германската федерација.

„Ако 2024 година биде крај за мене во Ливерпул, тоа значи дека после ќе земам една година одмор, така да никој да не ме побара за селектор до 2025 година. Ханси Флик има договор до 2025, така да…“, рече Клоп.

Се вчитува...