Клоп: Не размислуваме за титула, сега само уживаме во триумфот над Јунајтед

Ливерпул си ја зачува лидерската позиција во Премиер лигата по победа од 3-1 во дерби пресметката против Манчестер јунајтед. Па, Јирген Клоп сосема задоволен од ефектот на своите избраници…

„Беше фантастично. Игравме против силна екипа, а контролиравме се на терен. Бевме агресивни и храбри, па победата беше неизбежна“ – истакна по вчерашниот меч Клоп.

Иако се лидери, Клоп не сака да размислува за титулата во Премиер лигата.

„Ниту една секунда не сакаме да размислуваме за титулата. Сакаме да победуваме на секој меч, сакаме да се докажуваме постојано и тоа против силни тимови како што е Јунајтед. А, за друго ништо не размислуваме“ – вели Јирген Клоп.

Ливерпул во моментов има само еден бод предност на чело на табелата пред второпласираниот Манчестер сити.

Се вчитува...