Откако денеска се појави информација дека Јирген Клоп би можел да ја преземе Рома, а потоа истата вест беше демантирана, се појави нов тренер кој се поврзува со „Волчицата“.
Португалскиот стручњак Нуно Еспирито Санто би можел да го напушти Нотингем Форест на крајот на сезоната. Оваа вест стигна од неколку медиуми од Островот, после несогласувањата со сопственикот на клубот, Евангелос Маринакис после „ремито“ со Лестер, по кое тимот може да го загуби местото во Лигата на шампионите.
Сепак, Португалецот нема потреба да се грижи за својата иднина, затоа што наводно веќе бил контактиран од екипата на Рома, за следната сезона да го преземе кормилото на „волчицата“. Наводно веќе е познато дека Рома му понудил двегодишен договор.
Санто го преземе Нотингем во 2023 година кога му висеше опстанокот, а малкумина се надеваа дека тимот ќе биде пред пласман во Европа оваа сезона. Сепак, веројатно тоа не е доволно за Маринакис, кој ќе бара нов предводник за неговиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА