Клоп: Не сум перфектен тренер, но сум најдобра опција за Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека е најдобарата опција за предводник на „црвените“, и посочи дека Ливерпул мора да се бори за секој бод. На нешто повеќе од две години откако дојде на „Енфилд“, Клоп на денешната прес конференција беше прашан како ја оценува својата работа во клубот досега.

„Не можам да кажам дека сум перфектен тренер, но сметам дека сум најдобра опција за Ливерпул. Во случај да добијам отказ, тешко дека ќе најдат менаџер кој ќе ја врши функцијата подобро од мене. Доколку 99% од навивачите сметаат дека одиме во вистински правец, мене ми одговара. Оние стари, добри времиња на Ливерпул кога доминираа 20 години нема да се вратат. Сега сме во ситуација да се бориме за секој бод, тоа е нашата задача“, истакна Клоп.

Ливерпул утре ќе се сретне со Манчестер јунајтед на „Енфилд роуд“, па германскиот стратег посочи дека мечот сам по себе ќе биде тежок, знаејќи дека се работи за најголемото дерби во Англија.

„Ова е „Енфилд“, нашиот дом, ова ќе биде првиот меч со трибината „Кени Далглиш“, и сите сакаме тоа да го искористиме како додатна сила. Нормално дека ќе биде тежок натпревар, ова е најголемото дерби во Англија. Јунајтед повторно ќе се заканува преку долги топки во воведните минути. Минатата сезона тоа се одвиваше преку Ибрахимовиќ, сега е истото, но со Лукаку во нападот. Но, нема сомнежи дека таа тактика засега успешно им функционира“, додаде Клоп.

Се вчитува...