Клоп: Не знам што сака Сити? Дали ни е потребна крв!?

И покрај синоќешниот пораз во дерби пресметката од Манчестер сити, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го истакна задоволството од моменталната ситуација на табелата во Премиер лигата.

„Некој на почетокот од сезоната да ми понудеше дека по одиграни две дерби пресметки со Сити на табелата ќе сме со четири бода предност ќе му платев колку што ќе ми побара“ – истакна Клоп, притоа нагласувајќи дека неговиот тим не успеал да погоди од неколку одлични можности, што ги чинело пораз.

„Мора да признам дека одигравме многу подобри натпревари оваа сезона. Тие среќно постигнаа гола и тоа е така на вакви натпревари. Мора да се биде концентриран во текот на целиот меч ако се сака позитивен резултат“.

Но, Клоп истакна и лутина поради стартот на Висент Компани врз Мо Салах во првото полувреме кој можеше да биде и далеку пофатален.

„Шокиран бев кога видов дека Компани и по еден таков старт потоа се нафрли со навреди на Салах. Се чудам како тоа не беше црвен картон? Беше последен фудбалер во одбраната и жестоко стартуваше на Салах. Да беше малку посилен стартот ќе го загубевме Салах за цела сезона. Дали ни е потребна крв!?“ – вели Клоп.

Ливерпул на 12. јануари во продолжението од првенството игра на гостински терен против Брајтон.

Се вчитува...