Клоп: Нема да биде лесно со Баерн Минхен

Европскиот вицепрвак Ливерпул ќе мора да го елиминира Баерн Минхен во осминафиналето на Лигата на шампионите доколку сака да го продолжи патот кон повторување на ланскиот успех во елитното европско клупско натпреварување. Менаџерот Јирген Клоп по подолг период повторно ќе има пресметки со баварскиот клуб, откако во минатото седум години го предводеше тимот на Борусија Дортмунд, и уште седум составот на Мајнц. Тој смета дека Баерн Минхен е еден од најтешките ривали.

„Имавме тежок ждреб, но знаевме дека нема да биде лесно. Баерн Минхен е елитен тим, а мене ми е драго што ќе се вратам во Германија. Ќе имаме доволно време за добро да се подготвиме за осминафиналните дуели и се надевам дека моите играчи ќе бидат здрави“, изјави Јирген Клоп.

Ливерпул игра одлично и во Премиер – лигата. „Црвените“ по 17 одиграни кола се наоѓаат на врвот на табелата во англискиот шампионат со 45 бода.

Се вчитува...