Клоп: Нема менаџер горд како мене на својот тим

Ливерпул го совлада Наполи со 1-0 и обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Европскиот вицепрвак ќе продолжи да се натпреварува во елитното натпреварување, а менаџерот Јирген Клоп вели дека е горд на своите фудбалери.

„Уф, каков натпревар. Нема менаџер горд како мене на својот тим. Ги притиснавме толку многу, што тие мораа да ја менуваат нивната игра. Тоа беше клучно, успеавме да постигнеме гол, а и да се одбраниме до крај. Во финишот, имав впечаток дека мечот нема никогаш да заврши. Мо Салах постигна прекрасен гол, а не можам ниту да сфатам како Алисон Бекер го одбрани голот во судиското продолжение“, изјави Јирген Клоп.

Ливерпул оствари три победи на „Енфилд Роуд“, но исто така и три порази на гостувањата во групниот сегмент. Сепак, успеа да се пласира во осминафиналето.

Се вчитува...