Клоп: Немавме страст на теренот, тоа беше нашиот проблем

Јирген Клоп има причина за разочараност откако Ливерпул вечерва загуби од Црвена звезда и значително си ја искомпликува ситуацијата во борбата за првите две места во групата. Германецот смета дека атмосферата од трибините немала влијание врз играта на неговиот тим, кој имаше најочајно изддание сезонава.

„Не беа проблем трибините и навивањето, туку она што се случуваше на теренот. Немавме страст, желба во играта, потфрливме на толку многу полиња и мораме да се погрижиме вака лоша партија да не ни се повтори во иднина. Да не заборавиме дека имавме чиста шанса да дадеме прв гол преку Стариџ, промашивме, а потоа целосно застанавме. Им ја олеснивме задачата на домаќините бидејќи не игравме онака како што знаевме, па сега можеме само да им честитаме што стигнаа до победата што многу ја посакуваа“ – истакна Клоп.

Се вчитува...