Клоп: Никој не го очекуваше Ливерпул во финалето, но еве сме на гости во Киев

Ливерпул ќе го предизвика актуелниот европски првак Реал Мадрид во утрешното финале на Лигата на шампионите. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, како и секогаш, видно расположен на дружбата со медиумите, во пресрет на големата пресметка. Тој вели дека Реал Мадрид е фаворит, а никој не очекувал токму Ливерпул да стигне до Киев. Но, неговиот тим е подготвен да се бори храбро за најпосакуваниот пехар.

„Никој не очекуваше дека Ливерпул може да стигне до финалето, но еве сме во Киев, и ќе играме против Реал Мадрид. Тие се најдобриот тим, и тоа официјално, го освоија пехарот во ЛШ во изминатите две сезони. Но, и ние посакуваме да го кренеме трофејот. Што да се каже за Реал Мадрид, тие се тимот што секој би сакал да го победи. Зинедин Зидан е еден од најдобрите петмина фудбалери на сите времиња и секако дека од него се очекува да биде и голем тренер. Освои многу трофеи веќе со Реал Мадрид. Ако некој се сомнева во мене и во Зидан, во нашите тренерски квалитети, тогаш нека се запраша како сме стигнале до финалето. Наш најголем адут секако е тимскиот дух и ќе се обидеме да го наметнеме и на утрешната финална пресметка“, изјави Јорген Клоп.

Се вчитува...