Клоп одлучил да му даде уште една шанса на Кариус?

Германскиот стратег на кормилото на Ливерпул, Јирген Клоп, одлучил да му даде уште една шанса на голот на „црвените“ на својот сонародник Лорис Кариус. Тој имаше катастрофални реакции во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, беше директен виновник за два гола, и се најавуваше дека речиси сигурно ќе го напушти „Енфилд роуд“.

Клоп се обиде да стигне до бразискиот репрезентативен голман и член на Рома, Алисон Бекер, но има страшно голема конкуренција во европскиот првак Реал Мадрид, па на крајот се откажа од таа намера. Во таков случај, Ливерпул најверојатно нема да купува нов голман, а нова шанса ќе добие Кариус.

Се вчитува...