Клоп остана без важен играч пред дербито со Сити

Јирген Клоп се соочува со сериозен проблем во наредниот период откако Наби Кеита заработи повреда на самиот почеток од мечот со Наполи и мораше да биде замент уште во првото полувреме. Германецот реши да му даде шанса на Кеита пред капитенот Хендерсон, но засилувањето од Лајпциг се пожали на повреда и мораше со носилки да биде изнесен од теренот.

Проблемот е уште поголем ако се знае дека „црвените“ во наредното коло од Премиер-лигата го пречекуваат шампионот Манчестер сити, меч на кој Кеита сигурно нема да биде во комбинација.

На спротивната страна, „граѓаните“ на ова дерби ќе бидат без Гундоган, кој го повреди мускулот на синоќешниот меч со Хофенхајм.

Се вчитува...