Ливерпул се наоѓа во одлична позиција, по 13 одиграни кола во Премиерлигата се наоѓа на првото место на табелата со три бода над Тотенхем, но Јирген Клоп во досегашниот дел од сезоната премногу ретко го користеше Дивок Ориги во тимот. Белгиецот со право е разочаран, Клоп јавно му порача да не се надева на посериозна минутажа сезонава, па лесно може да се случи тој веќе во јануари да си замине од „Енфилд“.
Белгискиот напаѓач на „Енфилд“ пристигна во 2014 година од Лил, а по една година помината на позајмица во Волфсбург стана прав „џокер“ за црвните, особено со неговите голови во полуфиналето од ЛШ против Барселона, финалето на ЛШ против Тотенхем и на дербито на „Мерсисајд“.
Во последно време Ориги не добива место во составот на Клоп, а за него заинтересиран е Вулверхемптон. Тимот на Нуно Еспирито Санто се мачи во нападот по сериозната повреда на Раул Хименез, а овие два клуба веќе имаа добра соработка во летниот трансфер рок кога Диого Жота се пресели во редовите на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА