Лео Меси крајно емотивно ја прослави големата победа над Англија, во првиот меч што аргентинскиот генијалец го одигра против „гордиот албион“ во кариерата.
Меси победата ја посвети на легендарниот Диего Марадона, кој во текот на својата кариера имаше блескави моменти против Англичаните.
„Сигурен сум дека Диего ужива и слави гледајќи од „горе“. Оваа победа е за него, ова беше навистина специјален ден, специјален меч, среќен сум што ја израдувавме цела нација, што му овозможивме радост на Марадона горе од небото да ужива додека ја гледа Аргентина како ја победува Англија“, истакна Меси.
Тој уште еднаш потенцираше дека не сака да биде споредуван со легендарната „десетка“ на „гаучосите“.
„Јас само сум среќен што живеев во ерата на Диего, никогаш не сакав да бидам споредуван со него бидејќи знам колку ме сакаше, колку ме поддржуваше низ годините. Затоа, одбрав наместо да коментирам, да си ги чувам спомените од прекрасните моменти што ги споделивме заедно“, додаде Лео Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
