Клоп откри кој му е омилен фудбалер: Во телефонот имам само едно селфи …

Германскиот стратег на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, го сврте вниманието на јавноста откривајќи кој му е омилениот фудбалер. Во изјавата за Ливерпул ТВ, Клоп рече дека во својот мобилен телефон има само едно селфи. Многумина помислија дека тое е со некој од играчите на Ливерпул или со неговото семејство, но сите останаа без текст кога Германецот рече дека селфито е со – Лионел Меси.

Клоп изјави дека тоа е единственото селфи што го има, иако често се фотографира со играчите на Ливерпул. Но, харизматичниот тренер на „црвените“ во шега објасни дека речиси никогаш не се фотографира со својот телефон, туку дека обично играчите бараат фотографија со него. Но, Меси е единствениот од кого Клоп побарал да се овековечи средбата.

„Само од еден играч сум побарал да се сликаме. На својот мобилен телефон имам само едно селфи и тоа со Лео Меси. И Кристијано Роналдо во тој момент беше со нас во истата просторија, но…“ – со насмевка рече тренерот на Ливерпул.

Се вчитува...