Клоп по дебаклот: Ништо не би променил во моите одлуки, и повторно да го играме мечот

Ливерпул доживеа неочекуван убедлив пораз од 0-3 на домашен терен од Аталанта, во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа.

И самиот Јирген Клоп е изненаден од крајниот резултат во меч за кој вели дека и повторно да се игра ништо не би направил поразлично.

„Знам дека одигравме лош натпревар и заслуживме да загубиме. Но, од утре мора да мислиме на следните предизвици, и затоа момците нека ја имаат само оваа ноќ да се чувствуваат лошо. Што можам да кажам. Браво за Аталанта, тие им прават проблеми на многу екипи, се бранеа одлично и заслужија победа“ – рече Клоп, притоа дополнувајќи:

„Кога ќе загубите натпревар, се доведуваат во прашање и направените замени. Но, јас би повторил се исто како што направив, мора да правиме ротации, ако сакаме да играме добро до крајот на сезоната. Јас сум одговорен за резултатот, но не би ги променил одлуките“.

Се вчитува...