Клоп потврди: Салах се враќа против Аталанта

Мохамед Салах експресно ќе се врати во стартниот тим на Ливерпул откако го победи коронавирусот, па египетскиот голгетер ќе го предводи нападот на „црвените“ на утрешниот дуел од Лигата на Шампионите против Аталанта. Ова на денешната прес-конференција го потврди и Јирген Клоп, како најава дека „црвените“ со сите сили ќе тргнат по четвртата победа во низа во Лигата на Шампионите.

„Мо Салах тренираше со полна пареа на вчерашниот тренинг. Сите тестови му се негативни, така што нема никаква пречка тој да стартува против Аталанта“, истакна Клоп.

За разлика од Салах, Клоп се уште не може да смета на Тијаго Алкантара, еден месец по бруталниот старт на Ричарлисон врз Шпанецот за време на градското дерби на „Гудисон Парк“.

Се вчитува...