Клоп потврди: Ван Дајк се враќа на терените

Фановите на Ливерпул имаат причина за задоволство откако беше обелоденето дека Вирџил ван Дајк е подготвен за камбек на терените, речиси десет месеци по тешката повреда на коленото заработена на дербито со Евертон минатиот октомври.

Јирген Клоп денеска потврди дека е презадоволен од напредокот на холандскиот ас, кој би можел да се врати на терените веќе в четврток, кога Ливерпул ќе одигра пријателски меч со Херта Берлин.

„Ван Дајк делува одлично на тренинзите. Работи со полна пареа, состојбата секој ден му е се подобра и подобра. Треба да разговараме и да донесеме одлука, но мислам дека Вирџил би можел да одигра најмалку дваесетина минути против Херта“, изјави Клоп.

Одлично тече и рехабилитацијата на Џо Гомез, кој според зборовите на Клоп ќе биде подготвен за стартот на новата премиерлигашка сезона.

Се вчитува...