Клоп: Чекав 54 години да дојдам на „Сан Сиро“, сега морам пак да одам во Милано

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја анализираше ждрепката за осминафиналето, по која „црвените“ го добија шампионот на Италија, милански Интер.

Јирген истакна дека му е мило што уште еднаш ќе има можност да патува во Милано, а воедно и потенцираше дека за противник ќе имаат тежок тим.

„Морав да чекам 54 години за првпат да дојдам на Сан Сиро. И сега ќе го направам по вторпат за три месеци. Тоа е добра вест, исклучително добра. Секако, ждрепката е дефинитивно тешка. Тие се лидери во Италија. Ќе видиме како се ќе изгледа во февруари“, изјави Клоп.

Германецот со голем респект гледа на наредниот противник, па упати комплименти до Инзаги и Лаутаро.

„Лаутаро е еден од највозбудливите напаѓачи во светот. Симоне Инзаги е тука, кој дефинитивно покажа дека е одличен тренер. Интер е вистински шампион, но тоа е реалната препрека во моментот на Ливерпул, никогаш не било лесно, но секогаш е можно“ потенцираше Клоп.

Се вчитува...