Клоп предупредува: Интер не доаѓа на туризам, овој тим може да биде многу опасен

Јирген Клоп ги предупреди фудбалерите на Ливерпул дека никако не смеат да си дозволат опуштање на утрешниот реванш со Интер од осминафиналето од Лигата на Шампионите, без оглед на предноста од 2-0 што ја имаат од првиот меч во Милано.

Фирмино и Салах донесоа огромна предност на „црвените“, но Клоп истакна дека Интер е тим што никако не смее да се потцени.

„Едно е сигурно, Интер не доаѓа во Ливерпул на туризам, овој тим може да биде многу опасен доколку му се остави простор. Едно е сигурно, тие ќе бркаат резултат, а од друга страна ние не сме екипа што се брани и чува предност“, истакна Клоп.

Добра вест за стратегот на Ливерпул е што Матип и Алкантара се подготвени за настап по повредите, додека во тимот повторно ќе отсуствува Фирмино.

Се вчитува...