Клоп против Реал направи грешка која навивачите на Ливерпул нема да му ја простат

Реал Мадрид се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите откако одигра рутински 0-0 на реванш пресметката против Ливерпул на „Енфилд роуд“.

Домашните имаа иницијатива во текот на целата средба, но Реал повеќе од умешно се бранеше.

По мечот навивачите на Ливерпул пронајдоа грешка кај Клоп за што сведочат и коментарите на социјалните мрежи. Поголемиот дел од фудбалската јавност е согласно дека Диого Жота мораше да го почне дуелот. Жота формата ја потврди со игрите во дресот на Ливерпул, но и настапот во репрезентацијата на Португалија.

Фирмино и Мане се евидентно далеку од вистинската форма, а Салах синоќа не можеше да го наштима „нишанот“.

Жота вчера доби можност во второто полувреме, но тоа не беше доволно па Реал на крајот славеше пласман меѓу најдобрите четири екипи во Европа. Во полуфиналето „кралевите“ ќе играат со Челси, а во второто полуфинале ќе се соочат ПСЖ и Манчестер сити.

Се вчитува...