Клоп проценува: На крајот ќе ни требаат 105 бода за да бидеме шампиони

Ливерпул во моментов е на четири бода предност во однос на второпласираниот Манчестер сити по синоќешната победа на гостински терен против Вулверхемптон.

Бројни навивачи на „црвените“ долго ја посакуваат титулата во Премиер лигата, па веќе од сега стартуваат калкулациите колку е неопходно до крајот за Ливерпул да остане на врвот. Одговор на тоа прашање даде менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп….

„Ова за нас изгледа како некоја специјална сезона од соништата. Мора да кажеме дека помалку неверојатно изгледа да имате 48 бода во декември, но не треба да се залажуваме со планови за летни забави. Има многу, многу уште да се игра а може да видите дека тимови како Челси, Сити, Арсенал постојано победуваат. Мислам дека ако сакаме титула на крајот од сезоната ќе ни требаат 105 бода. Тоа е проценката“ – вели Клоп.

Се вчитува...