Клоп реши: Стариџ не мрда од Ливерпул

Даниел Стариџ и во следната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул, откако Јирген Клоп јасно ставил до знаење дека нема намера да го продаде одличниот голгетер кој во последните неколку години се мачи со сериозни проблеми со повредите. Како што јавува весникот „Мирор“, Клоп верува дека Стариџ може да му биде од голема корист во новата сезона, особено ако се знае дека Ливерпул ќе учествува и во Лигата на шампионите, па Германецот ќе биде во можност да ги ротира напаѓачите и да му ја даде на англискиот репрезентативец минутажата што ја заслужува.

Трофејниот стручњак е свесен дека во случај на продажба би заработил максимум 40 милиони евра за Стариџ, но потоа за тие пари не би бил во можност да доведе поквалитетна опција за навалната линија. Поради тоа, тој инсистира да не прави рокади во навалната линија, особено со Стариџ, кој кога немаше проблеми со повредите и добиваше шанса редовно се запишуваше меѓу стрелците.

Погледите на Јирген Клоп моментно се насочени кон Кеита од Лајпциг, кого менаџерот на Ливерпул го гледа како идеално засилување за средниот ред и за чии услуги веќе подготви понуда од 50 милиони фунти.

Се вчитува...