Клоп ротираше, Салах погоди за победа на Ливерпул

Ливерпул останува рамо до рамо со Манчестер сити, сега со два бода предност во однос на Челси откако „црвените“ вечерва славеа на гостувањето против Хадерсфилд со 0-1.

Јирген Клоп се реши на овој натпревар да го изротира тимот, но и со комбиниран состав дојде до трите бода благодарение на Мохамед Салах. Египќанецот беше критикуван дека промашува многу шанси во досегашниот дел од сезоната, но вечерва тој ја потврди својата класа, беспрекорно реализирајќи по додавањето на Шаќири на средина од првото полувреме.

Одбраната не делуваше сигурно како во голем дел од оваа сезона, но „црвените“ сепак успеаја да го сочуваат ова минимално водство и да прокнижат три бода во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите против Црвена звезда.

Се вчитува...