Клоп: Сари е феномен, досега не сум видел вакво нешто…

Ливерпул има перфектен ефект во досегашниот дел од сезоната, но „црвените“ допрва ги очекуваат вистинските предизвици, утре се среќаваат со Челси во рамките од Лига-купот на Англија, за веќе в сабота на „Стемфорд бриџ“ да ги одмерат силите со истиот противник во рамките од Премиер-лигата. Јирген Клоп во пресрет на овој двомеч испрати низа комплименти на адреса на својот ривал, Маурицио Сари, фалејќи го начинот на кој италијанскиот стратег експресно ја смени филозофијата во играта во однос на неговиот претходник Антонио Конте.

„Сари е феномен, тоа е најголемата промена што сум ја видел за толку краток рок. Стилот е сосема поинаков, да бидам искрен не можам да поверувам колку добро игра Челси. И претходно имав високо мислење за Сари, уживав гледајќи го Наполи под негово водство, а сега и Челси игра извонреден фудбал. Да не заборавиме дека во подготовките ги немаше на расплагање Азар, Жиру, Канте… но за толку кратко време успеа да создаде препознатлив стил Луѓето зборуваат само за Манчестер сити, но Чели исто така е сериозен во трката за титулата, има одличен тренер, а во тимот има 80% од играчите кои веќе освоиле најмалку по две титули во Премиер-лигата“ – изјави Клоп.

Се вчитува...