Клоп: Се е јасно кога голманот ни беше најдобар на терен

Јирген Клоп не го криеше разочарувањето по поразот од Наполи, на кој „црвените“ тотално потфрлија. Иако голот за 1-0 беше постигнат во 90. минута поразот е апсолутно заслужен со оглед на случувањата на теренот, ако се знае дека Ливерпул не упати ниту еден удар во рамките на голот на противникот.

„Немавме шут на голот, не се ни сеќавам кога тоа ми се има случено последен пат. Знам дека можеме многу подобро, тие играа добар фудбал, ние не го сторивме тоа и затоа Наполи ги заслужи трите бода. Сега не можам веднаш да кажам што беше точно причината за ова наше издание, но се ви е јасно кога нашиот голман беше најдобар поединец на теренот. Имаме причина да сме разочарани, но немаме многу време за плачење бидејќи веќе в недела пред нас е дуелот со Манчестер сити што е од огромна важност“ – истакна Клоп.

Наби Кеита ја мина целата ноќ во болница во Неапол по повредата на грбот заработена во првото полувреме, а во текот на денешниот ден се очекуваат повеќе информации околу должината на паузата што се очекува за овој фудбалер.

Се вчитува...