Клоп се враќа во Дортмунд?

Јирген Клоп најверојатно ќе се врати на „Сигнал Идуна Парк“, но овој пат со својот Ливерпул за натпреварот против Митјиланд.

Рестрикциите во однос на корона пандемијата во Англија се такви што доколку Ливерпул патува до Данска по враќањето ќе мора да помине две недели во самоизолација, нешто што целосно би го нарушил ритамот на актуелниот шампион, па како решение се јавува Германија каде Борусија Дортмунд сака да му излезе во пресрет на својот поранешен тренер.

Како што стојат работите, УЕФА ќе мора да најде баланс за дуелот од последното коло во Лигата на Шампионите кој треба да биде одигра на 9. декември.

Се вчитува...