Клоп: Сега пијте што сакате, вистинската забава ќе биде кога ова го.но од вирус ќе замине

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп сосема очекувано не можеше да ја сокрие радоста од освоениот трофеј во Премиер-лигата.

Ливерпул по 30 години го врати на „Енфилд“ посакуваниот трофеј, иако Клоп и неговите избраници не можеа до крај да се израдуваат на успехот, прославувајќи без навивачи на својот стадион. Иако пред стадионот навивачите се собраа да прослават и повторно ги налутија сите на Островот поради кршењето на мерките за заштита од коронавирусот.

Клоп, сепак, испрати порака до сите фанови нагласувајќи дека ќе има забава за освоената титула кога ситуацијата со коронавирусот ќе се смири.

„Сега пијте што сакате, ама ќе мора да се подготвите за забавата кога ова го.но од вирус ќе си замине“ – рече Клоп.

 

Се вчитува...