Клоп со урнебесен одговор на прашањето – „Дали ви се допадна некој играч на Спарта?“ (ВИДЕО)

Ливерпул повеќе од убедливо со 1-5 триумфираше на гостувањето против Спарта Прага во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.

Веројатно и Англичаните и сами не очекуваа така лесен тек на нештата по нивниот тим, па по мечот на прес-конференцијата очигледно духовите расположен беше и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Клоп на официјалната прес-конференција по мечот доби прашање од чешки новинар дали му се допаднал некој играч од тимот на Спарта Прага, на што Германецот со урнебесен одговор:

„Ова лето завршувам со Ливерпул и одам на подолга пауза, или прашањето е затоа што сакате да го земам со мене на одмор?“

Одговорот на Германецот веднаш стана и тоа како вирален на социјалните мрежи, иако навивачите на Ливерпул повторно го доживеаја со доза на тага затоа што Клоп постојано ги потсетува дека заминува од клубот а на „Енфилд“ доаѓа нов тренер.

Се вчитува...