Клоп стравува, каква е повредата на Салах?

Мохамед Салах постигна прекрасен гол директно од корнер, но потоа и се повреди. Најдобриот египетски фудбалер играше за националниот тим против селекцијата на Есватини (4-1), но мораше да биде повлечен од игра поради повреда на препоните. Секако, најзагрижен е менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Салах ќе се врати на „Енфилд роуд“ каде ќе му бидат извршени детални медицински тестови, по што и ќе биде познато колку ќе мора да паузира.

Се вчитува...