Клоп: Судијата имаше нешто лично против Мане

Јирген Клоп е свесен дека неговиот тим потфрли на синоќешното гостување против Реал, па Ливерпул ќе се соочи со исклучително тежок предизвик доколку сака да се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

„Црвените“ одиграа катастрофално прво полувреме во кое не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол, во вториот дел беа нешто подобри, но резултатот од 3-1 е сосема реален исход ако се земат во предвид случувањата на теренот.

„Честитки до Реал Мадрид за добрата игра и заслужената победа. За нас сега ќе биде многу тешко, но секако дека уште имаме шанса. Она што е најважно, ако сакаме нешто, ќе мораме да играме далеку подобро отколку денеска“, изјави Клоп по поразот во Мадрид“, истакна Клоп.

Германскиот стратег се осврна и на арбитражата на неговиот сонародник Феликс Брих, кој не санкционираше ниту еден прекршок над Садио Мане во бројните дуели што сенегалскиот голгетер ги имаше со домашните дефанзивци.

„Имаше една ситуација во првото полувреме, очигледен прекршок, што судијата некако ја оцени како глума на Мане. Не само што погреши, туку од тој момент па се до крајот тој не ни помисли да свирне фаул иако имаше неколку очигледни прекршоци над Садио. Тој сигурно имаше нешто лично против нашиот фудбалер, немам друго објаснување“, изјави Јирген Клоп.

Се вчитува...