Клоп: Уметноста на фудбалот е да се загубат вистинските натпревари

Јирген Клоп по една година пауза загуби домашен натпревар на „Енфилд“, но поразот од Интер не го боли премногу стратегот на Ливерпул поради фактот дека „црвените“ се пласираа во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Тој не беше задоволен од грешките направени пред примениот гол од Лаутаро Мартинез, но е убеден дека ќе бидат извлечени поуки.

„Не бевме доволно сконцентрирани, ја загубивме топката и тоа придонесе противникот да постигне гол. Вакви работи се случуваат, но мораме да се погрижиме да не ни се повторат, да бидеме подобри во иднина. Можевме да играме подобро, но не премногу подобро бидејќи противникот беше навистина квалитетен. Уметноста во фудбалот е да се загубат вистинските натпревари. Ако постоеше меч на кој можевме да си дозволиме пораз тоа беше овој со Интер. Севкупно гледано, мислам дека покажавме повеќе од противникот за време на двата натпревари и заслужено се пласиравме понатаму“, истакна Клоп.

Се вчитува...