Клоп веднаш му одговори на Мурињо: Ова е слободен свет, и секој може да зборува што сака

Манчестер јунајтед и Ливерпул се пред пресметка во рамките на Интернационалниот куп на шампионите во САД. Па, сосема очекувано веднаш и провокации меѓу менаџерите на двата тима Жозе Мурињо и Јирген Клоп.

Мурињо го „пецна“ Клоп со изјавата дека на сите овие трансфери ова лето на Ливерпул со звучни имиња и многу потрошени пари сега Германецот ќе мора и конечно да испорача резултати. На сето тоа Клоп одговори дека Мурињо ја почнал „психолошката војна“…

„Малку се некоректни едни такви изјави. Слушнав како кажува и дека сум бил смешен, а тој не знае дека всушност моја животна цел е Жозе да биде насмеан. Па, ако тој се смее поради мене и Ливерпул тоа е сосема во ред“ – прокоментира Клоп и дополни:

„Јас на пример сум така воспитан никогаш да не коментирам за некого ако не сум прашан. Иако јас немам никаков проблем со коментарите на Мурињо затоа што ова е слободен свет и секој може да каже што си сака. А, ние само си ја гледаме својата задача и сакаме Ливерпул да биде што подобар, да играме атрактивен фудбал и нашите навивачи и сите кои доаѓаат на стадионите да бидат среќни и задоволни од тоа што го гледаат“.

Се вчитува...