Клоп: Во Шпанија би работел само во Мајорка

Јирген Клоп беше одлично расположен на вечерашната прес-конференција пред утрешниот дуел од Лигата на Шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул. Германецот е полн со респект за големиот ривал, но како што откри денеска, не верува дека некогаш би седнал на клупата на Реал Мадрид.

Откако новинарите побараа да им го каже омилениот клуб во Шпанија, Клоп ги изненади присутните.

„Знаеме кои се најголемите, но јас не се замислувам како тренер на Реал, Барса или Атлетико. Немам време да учам шпански, а на овој јазик знам само да нарачам пиво. Во Шпанија би работел само во Мајорка, поради прекрасната клима“, истакна Клоп.

 

Се вчитува...