Клоп: Воопшто не ми е грижа за титулата, кој би зборувал за тоа по само две кола

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека не е заинтересиран за “испраќање пораки“ до ривалите во борбата за титула по победата над Кристал Палас.

„Црвените“ по триумфот од 0-2 на гостувањето против Кристал Палас покажаа дека можеби се единствениот сериозен кандидат на Манчестер сити во трката за титула… Но, Клоп не се оптоварува.

„Воопшто не ми е грижа за тоа. Не се бориме со другите секој викенд за титула. Претерано е да се зборува било што околу тоа по само две одиграни кола. Можете да дискутирате за тоа колку сакате, само без нас“ – вели Клоп.

Од друга страна, менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон беше бесен поради досудениот пенал за Ливерпул на крајот од првото полувреме.

„Мислам дека не беше пенал. Бесен сум затоа што ни е одземен добар резултат. Направивме доволно за да останеме непоразени, но судијата се ни зеде“ – рече Хоџсон.

Се вчитува...