Ливерпул изминатиов викенд одигра без голови во дерби пресметката против Манчестер јунајтед, во натпревар во кој како специфичен момент се издвои ситуацијата од 72. минута кога Јирген Клоп се одлучи од игра да го извади капитенот Џордан Хендерсон и да го воведе Џердан Шаќири.
Хендерсон при излегувањето само помина покрај тренерот на Ливерпул без да се поздрави, по што Клоп му дофрли: ‘Не ми подаде рака’, притоа одржувајќи му и мала „лекција“ по што Хендерсон на крај мораше културно да поздрави.
Неколку дена по мечот Клоп ја коментираше целата таа ситуација, нарекувајќи ја „обично ср.ње“.
„Кај мене секој фудбалер при излегување од терен мора да се поздрави со тренерот. Но, тоа важи и за мене кој мора да се ракувам со фудбалерите, при што нема правило дека мора вечно да ме чекаат. Затоа и при излегувањето на Хендерсон дојде до недоразбирање, затоа што Хендо ме чекал да се ракуваме додека му давав упатсво на Шаќири кој влегуваше во игра. Кога видел дека сум се задлабочил во разговорот Хендо го напушти теренот и ги поздрави навивачите. Тогаш го запрев и му реков да се врати и да ми ја стисне раката“ – вели Клоп кој беше лут на англиските новинари затоа што целата работа непотребно ја „напумпале“.
„Тоа е ср.ње. Денес се пишуваат такви глупости без било каков доказ. Како тоа дека наводно сум му се дерел на Хендерсон во соблекувалната, што е апсолутна невистина. Тој тогаш беше на допинг-контрола“ – вели Клоп.
(Transcripted) Klopp and Henderson got into a little confrontation after the captain was taken out for Shaq. Crumbling under the pressure?
pic.twitter.com/9S6sQIgrXg— #XhakaBall (@26W12D0L49UnBTN) February 25, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА