Клоп за кризата на Салах: Леле, ама криза!? Сега има само еден гол помалку во истиот период од лани

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана во одбрана на својот најдобар фудбалер Мохамед Салах на прес-конференцијата пред викенд колото во Англија.

Салах е во блага голгетерска криза не постигнувајќи погодок на последните три меча, но Клоп не дозволи да се зборува било што негативно за египетскиот напаѓач.

„Секако дека сите од него го очекуваат истото што го правеше минатата сезона. Но, не и ние. Колку голови даде во првите шест меча минатата сезона? Три. А, во првите шест оваа сезона даде два? Лелееее, ама криза! Му требаше малку време минатата сезона, како што на сите ни треба… И оваа сезона очигледно си одлучи да земе малку време“ – истакна Клоп.

Ливерпул досега ги има сите пет победи на стартот од Премиер лигата. Во следното коло на „Енфилд“ го пречекува Саутемптон.

Се вчитува...