Клоп за победата над Митјиланд: Нешто како брак, малку добро, малку лошо

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен што неговиот тим оствари победа во дуелот од вторто коло во групниот сегмент  во Лигата на шампионите над Митијланд, но за квалитетот на играта има досетлив коментар. Беше ова малку лошо, малку добро – како брак.

„Ова беше тешка вечер. Нешто како брак, имавме и добри и лоши моменти. Сепак, цело време се боревме и покажавме заедништво. Повредата на Фабињо во првото полувреме на поремети. И покрај тоа се покажавме добро. Направивме некои промени на полувремето и на крајот славевме. Победата од 2-0 е сосема во ред“ – вели Клоп.

За Ливерпул ова беше втора победа, има максимални шест победа. Во првото коло славеше со 0-1 на гостувањето кај Ајакс. Во следното коло ќе игра против Аталанта во гости.

 

 

Се вчитува...