Клоп за шампионската титула на Баерн: Имаа и многу среќа…

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, како поранешен тренер на Борусија Дортмунд и тоа како добро го познава Баерн Минхен и капацитетите на тој клуб. Отворено им честиташе за освоената титула во Лигата на шампионите, но истакна и дека имале многу среќа во целокупната ситуација…

„Тешко дека некој ќе повтори такво нешто. Баерн имаше и многу среќа затоа што во овој хаос со коронавирусот во Бундеслигата имаше најдобар распоред и оптимално време за подготовки. Сепак, тоа не го менува фактот дека се одличен тим“ – вели Клоп, кој смета дека Баерн бил фаворит против секоја екипа.

„Имаат одлични фудбалери на секоја позиција, кои се и во најдобрите години. Сигурен сум дека Баерн би имал големи шанси и во финалето да бевме ние, Реал Мадрид или Манчестер сити“.

Се вчитува...