Клоп: Знам неколку пцовки на српски јазик

Англискиот премиерлигаш Ливерпул допатува во Белград, каде вечерва ќе го одигра мечот од Лигата на шампионите против Црвена Звезда, а харизматичниот стратег Јирген Клоп на свој начин ги продоби симпатиите на домашната јавност. Тој не го доведе швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири на ова гостување, а на прес – конференцијата истакна и дека знае помалку да говори на српски јазик. Главен „адут“ му се пцовките.

„Знам да кажам по нешто на српски јазик. Навистина е тешко да се научи, но знам неколку пцовки. Не би сакале сега да ги слушнете. Имав многу тимски колеги од просторите на поранешна Југославија додека играв, така што научив и многу зборови од вашиот јазик. На пример „слободан дан“ – тоа е ден за одмор така? Го запомнив бидејќи моите соиграчи зборуваа само тоа, бараа „слободан дан“ по неколку пати секоја седмица“, одговори Клоп на новинарско прашање дали го разбира српскиот јазик, со оглед дека негов долгогодишен асистент беше Жељко Бувач.

Се вчитува...