Клосе не се договори со Лацио, па потпиша со клуб од Германија

Мирослав Клосе конечно има нов клуб во тренерската кариера откако легендарниот германски голгетер потпиша двогодишен договор со германскиот второлигаш Нирнберг.

Клосе во последните месеци беше поврзуван со Лацио, Германецот извесно време важеше и за фаворит за наследник на Игор Тудор, но преговорите со римскиот клуб пропаднаа, по што Клосе експресно се договори со Нирнберг. Оваа екипа ја заврши ланската сезона на 12.место во втората германска лига, но не ги крие амбициите со Клосе на клупата и со неколку квалитетни засилувања да се вмеша во битката за влез во елитното друштво.

Останува да се види како ќе се снајде Мирослав Клосе во овој ангажман ако се знае дека по завршувањето на играчката кариера беше прв тренер само во Алтах во австриското првенство, каде издржа само 24 средби пред да добие отказ.

Се вчитува...