Кошаркарската лига на Србија реши да го казни тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ со суспензија од четири натпревари поради повлекувањето на тимот од теренот во финалето против Црвена звезда.
И по неколку дена од крајот на сезоната страстите во српската кошарка не престануваат да се смируваат. Кошаркарите на Црвена звезда станаа шампиони на Србија по хаосот на крајот од вториот финален натпревар, кој на крајот не заврши на теренот.
Тој дуел беше прекинат поради навреди, а потоа и поради предмети кои летаа на подот, а откако Партизан не се врати на теренот, Звезда официјално ја освои титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА