Клуб од Серија „А“ и лидерот на Турција со интерес за Дарко Велковски

Дарко Велковски во јануарскиот преоден рок може да ја смени средината. За него има интерес од Грција, од екипите на АЕК и Панатиниакос, а најново е тоа што тимот на Салернитана од Серија „А“ се интересира за неговите услуги. Исто така Велковски е „трансфер мета“ на лидерот на турското првенство Трабзонспор.

Велковски ги одбил понудите од Грција, и дефинитивно нема да оди таму. Сега тимот на Трабзонспор е сериозно заинтересиран за неговите услуги, а можно е таму да има уште еден македонски интернационалец, и тоа во името на Езџјан Алиоски кој исто така е мета на првопласираниот во Турција.

Договорот на Велковски со Ријека истекува на крајот од сезоната кога може да си замине како слободен агент, но во јануари може да преговара со други клубови. Не е исклучено да остане до крајот на сезоната во Ријека, а потоа да замине. Салернитана е клуб кој што е со мали шанси за опстанок во најелитната лига во Италија. Трабзонспор ако стане првак, идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, што би можело да биде магнет за Велковски да потпише во овој тим.

Се вчитува...