Клубот се сака и кога игра во трета лига

Иако испаднаа во третиот ранг на фудбалот во Англија, фудбалерите на Сандерленд се уште имаат голема поддршка од своите навивачи, дури и на далечните гостински натпревари.

Шескратниот шампион на Англија ги преживува најтешките денови во историјата и сега настапува во третата лига, но тоа не ги спречува навивачите да останат со својот клуб и да го бодрат.

Околу 2.200 навивачи на Сандерленд, поминаа повеќе од 900 километри за да присуствуваат на синоќешниот натпревра против Гилингем.

На крај патот им се исплати бидејќи нивните миленици ги израдуваа со победа од 4-1.

По четири одиграни натпревари во третата лига, Сандерленд има три победи и едно реми. Инаку, во овој ранг на натпреварување играат уште неколку познати екипи како Портсмут, Блекпол, Чарлтон и Вајкомб.

Се вчитува...