Клубови од Кина, ОАЕ и од Серија „Б“ со интерес за Несторовски

Членот на Серија „Б“, екипата на Кротоне сериозно размислува за потпис на Илија Несторовски во јануарскиот преоден рок.

Несторовски само што се врати од повредата, ја чека својата шанса повторно да заигра за Удинезе. Поради повредата, не беше во комбинација за ЕУРО, а ниту за поголемиот дел од натпреварите во квалификациите за пласман на СП.

Покрај Кротоне, за Несторовски има интерес од Кина и Обединетите Арапски Емирати. Исто така повторно се споменува и Монца како заинтересирана страна. Овој тим и пред неколку месеци беше заинтересиран, но тогаш Несторовски ја одби можноста да се пресели во овој тим.

Со оглед дека договорот му истекува во јуни идната година, ако стигне добра понуда до Удинезе, тогаш може да се случи да го продаде во јануари.

Се вчитува...