Клубовите благодарни – Ова е чекор напред за спортот во Македонија

Клубовите од втора лига кошарка и прва лига ракомет јавно се заблагодарија до сите релевантни фактори кои овозможија да се изгласа законот за данок на добивка и нивното вклучување во  ваучерскиот систем.

„Благодарност до сите релевантни фактори кои овозможија да се изгласа законот за данок на добивка со кој се даваат дополнителни средства со кои ќе бидат опфатени клубовите од понизок ранг. Со ова надополнување правиме сериозен исчекор напред во поддршката и развој на спортот во државата. Благодарност до нашите матични федерации, ошаркарската и ракометната што имаа разбирање за нашиот проблем. Од следниот викенд сите натпрервари во сите натпреварување продолжуваат во целост“, стои во соопштението. 

Се вчитува...