Клучната блокада на Адем Мекиќ за пласман на МЗТ Скопје во АБА1 (ВИДЕО)

МЗТ Скопје се пласираше во големото финале на АБА2 лигата откако во СЦ „Јане Сандански“ славеше против Широки Бријег со 75-71. Аеродромци со самиот пласман меѓу најдобрите два тима во првенството го осигура враќањето во „елитата“ на регионалната кошарка, а еден од најзаслужните за тоа е Адем Мекиќ.

Македонскиот репрезентативец имаше клучна блокада над поранешниот „штрк“ Иве Иванов на две секунди пред крајот на мечот, поени кои ќе знаеа продолжение во Аеродром. Мекиќ одлично ја проследи акцијата и реагираше „мајсторки“ за големо славје со навивачите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...